Економија 10.10.2018 14:44

Заев: Очекувам раст во третото полугодие, кога е тоа полугодие – не објасни (видео)

Заев: Очекувам раст во третото полугодие, кога е тоа полугодие – не објасни (видео)

По страотно црната прогноза на ММФ, според коj Македонија оваа година ќе ја заврши со раст од само 1,6 отсто (иако по потпишувањето на Преспанскиот договор се тврдеше дека ја придвижил економијата), со изјава се јави и премиерот Заев кој рече дека очекува раст на економијата во третото полугодие, по растот во второ полугодие.

Така, по доаѓањето на „животот“ станавме единствена земја на светот која наместо две полугодија има три. Другите земји имаат по две полугодија, по три третини, по четири квартали итн.