Мозаик 25.06.2018 10:11

Загреб ќе добие outlet вреден 88 милиони евра

Загреб ќе добие outlet вреден 88 милиони евра

Во Загреб идниот месец ќе биде отворен најголемиот дизајнерски outlet во Хрватска и регионов вреден неверојатни 88 милиони евра, објави jutarnji. Designer Outlet Croatia ќе биде дел од центарот IKEA, односно е заеднички проект на шведската компанија и австриската консултантска компанија ROS, којашто инвестира во него. Тој ќе има 75 продавници со понуда на повеќе од 100 модни брендови, а на денот на отварањето кое е закажано за 7- ми јуни, цените ќе бидат за 30 до 70% пониски од редовните. Центарот се простира на 15.000 квадратни метри и е изграден со архитектура карактеристична за Хрватска.

Сопствениците посочуваат дека ова ќе биде прв ваков центар во овој дел на Европа којшто во своите продавници ќе вработи околу 400 луѓе. Се очекува голема посетеност на центарот, со оглед на тоа  дека е лоциран во непосредна близина на автопатот каде што дневно минуваат околу 50.000 возила.