Актуелно 13.07.2018 14:38

Законски измени: Еве кој ќе чува дел од нафтените резерви

Законски измени: Еве кој ќе чува дел од нафтените резерви

Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта сама ќе ја преземе целата грижа за чување и за одржување и обновување на резервите на бензинот Еуросупер од 95 октани и на екстралесното масло за горење. Законските измени кои ги прави Министерството за финансии веќе с ево процедура

„Имајќи предвид дека дел од нафтените деривати Еуросупер БС 95 и Екстра лесно масло за горење ЕЛ-1 од задолжителните резерви се складирани во два резервоарски капацитети (на различни локации) со кои сметано од 2015 година не управува ниту една нафтена компанија во Република Македонија, Дирекцијата беше принудена да ја преземе целокупната грижа за чување и одржување и обновување на горенаведените деривати. Со цел во тековната 2018 година Дирекцијата да може изврши обновување на дел од нафтените деривати од задолжителните резерви, неопходно е да се пристапи кон изменување и дополнувања на Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати, стои во образложението на предлогот за измена на законот.

Велат дека целта на измените е да и овозможи на Дирекцијата за задолжитени резерви на нафта и нафтени деривати во тековната 2018 година да може да изврши обновување на дел од нафтените деривати од задолжителните резерви, како и усогласување со новиот Закон за енергетика.

Извор: Фактор