Финансии 29.08.2018 14:17

Заработка од 3000 евра за 3 месеци, еве како да се оствари

Заработка од 3000 евра за 3 месеци, еве како да се оствари

Жико Мирковиќ од Заблача е еден од 120 земјоделци во чачанскиот крај кој одгледува корнишони, и ги пласира на германскиот пазар, објави Б92.

Вели колку повеќе се бере, толку повеќе има род.

Раскажува дека корнишоните се засадуваат на мала површина, а за 3 месеци има заработка од 3000 евра.

Откуп има секој ден, а парите ги добива по седум дена.

Но, додава дека целта е со овој бизнис да се занимава семејството, а доколку се плаќаат работници, тогаш заработката не е толку голема.

Очекува дека оваа година за Германија ќе заминат еден тон корнишони.