Актуелно 27.02.2019 15:04

Затуроска кон Спасовски: 520 кражби се случиле само на територијата на Скопје во месец јануари, а решавање е едвај 2%

Затуроска кон Спасовски: 520 кражби се случиле само на територијата на Скопје во месец јануари, а решавање е едвај 2%

При заседавање на седница за пратенички прашања се обрати Лилјана Затуроска, пратеник од редови на ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „За подобра Македонија“ кон Спасовски при што му рече дека граѓаните во Република Македонија не се чувствуваат безбедни.

-Прво, не чувствуваат безбедност за нивните деца кои што секојдневно се движат по улиците, за нивната безбедност и на крајот за безбедноста на нивните имоти. Викаат по улиците владее незаконитоста на криминалот, наместо законието на полицијата. Полицијата е невидлива бидејќи едноставно ја нема во сите оние секојдневни дешавки со кои се среќаваат или се случуваат на улиците. Како ќе ја оправдате бројката од 520 кражби кои што се случиле само на територијата на Скопје. И не во текот на целата година, туку во текот само на еден месец, или пак јануари. Тоа во просек би дошло по 20 кражби на ден, посочи Затуроска.

Затуроска рече дека, за жал, учинокот на полицијата во решавање или во сузбивање на сите овие несакани дејанија е едвај 2%.

-А, уште поинтересно е што ја нема полицијата и сега граѓаните се сомневаат за поврзаноста соработка со криминалците, посочи таа.