Економија 10.11.2018 17:27

Затуроска: Овој ребаланс ниту е реален ниту е добро осмислен ниту пак може да се реализира до крајот на годината

Затуроска: Овој ребаланс ниту е реален ниту е добро осмислен ниту пак може да се реализира до крајот на годината

На денешната собраниска седница за ребалансот на буџетот говореше пратеничката Лилјана Затуроска од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Таа истакна дека овој ребаланс не е реален и нема да се реализира до крајот на годината.

 

„Овој ребаланс ниту е реален, ниту е добро осмислен а истиот не може ниту да се реализира до крајот на годината со оглед на проекцијата врз основа на кој што е конципиран“.

 

Таа истакна дека 2,8 % е проектираната стапка на раст на Бруто домашниот производ и дека со вака лоши резултати во економијата тешко дека ќе се достигне овој раст посебно ако се земе во предвид фактот дека веќе сме при крај на годината што е многу кратко да се реализираат сите проекти кои што се превидени во ребалансот на буџетот.