Актуелно 15.02.2019 17:43

Завршни зборови за 27 април: Чавков навремено реагирал, по негова наредба се евакуирани пратениците и е воспоставен јавниот ред и мир

Завршни зборови за 27 април: Чавков навремено реагирал, по негова наредба се евакуирани пратениците и е воспоставен јавниот ред и мир

Денеска во скопскиот кривичен суд се одржува седница по завршните зборови на обвинетите во случајот 27 април, завршен збор има и тогашниот директор на БЈБ, Митко Чавков, кој бил човекот кој ги издал наредбите да се евакуираат пратениците и да се воспостави нарушениот јавен ред и мир во и околу Собранието.

Чавков посочи дека во 19 часот дал наредба на Наумовски, кој сега е сведок од застапникот на обвинението со сите расположливи сили да интервенираат во Собранието и да се пробијат силите до прес салата број 3 за заштита на нападнатите пратеници, новинари и полициски службеници, тој дополнително кажа дека околу 19.10 часот издал наредба на Пешов, додека трае интервенцијата внатре во Собрание да обезбеди дополнителни сили и наредба штом бидат подготвени веднаш да се приклучат кон интервенцијата која била во тек.

Во прилог на изјавата на Чавков е и кажаното во сведочењето на сведокот Наумовски, сведок на обвинението, кој меѓу другото посочил:

– Во меѓувреме поради големото нарушување и нападот на полициски службеници неможноста на поинаков начин да се отстрани блокадата од Прес салата телефонски го информирав Директорот Митко Чавков за состојбата внатре и хаосот што владееше, истиот ми нареди со сите средства и сили да продолжиме напред се со цел да влеземе внатре и да пружиме помош. Бидејќи на друг начин не успеавме и не можевме да влеземе неколку пати протестатните стануваа се подрски и во еден момент кон пилициските службеници употребија противпожарен апарат и го намалија видното поле за интервенција.Од Директорот Митко Чавков побарав да употребиме пиротехнички експлозивни средства, шок бомби и да пробаме на тој начин да влеземе,за што од истиот добив одобрување.

Чавков посочи и дека за своите делувања има и оперативна телеграма, од која се потврдуваат наредбите кои ги давал и во колку часот, која и ја приложи до судот. Дека Чавков постапувал во рамки на неговата надлежност и направил се што можел за да го воспостави нормална ситуација. Од Записникот за 27 април, кој се јавува како материјален доказ во постапката директно се гледа дека веднаш при доаѓањето на Чавков во оперативниот штаб на МВР издал наредба до специјалните единици да почнат со преземање мерки за евакуација на пратениците.

Во Записникот стои дека по наредба на Чавков е извршено извлекување на тогашните пратеници Зијадин Села и Радмила Шекеринска од Собранието, а во исто време е извршена евакуација и на другите пратеници во просториите на МВР во Ѓорче Петров, дополнително наредено е и засилено полициско обезбедување на клиниките во Скопје каде биле сместени пратениците.

– Од доказите, очигледно е дека раководењето со операцијата за воспоставување на состојбата ја преземам лично јас уште пред мое пристигнување во штабот односно уште од самото прескокнување на заштитните огради, и од мене се издадени сите наредби за примена на полициски овластувања, вклучително и употребата на шок бомби во затворен простор кои придонесоа за спасување на пратениците, дислокација во безбедни простории, создавање услови со воспоставување коридор внатре и надвор од објектот за евакуација како и наредба за распоредување на дополнителни полициски сили. Со многу сведочења се потврди фактот дека сум клучен за спасување и воспоставување на состојбата во Собранието, кажа Чавков во завршните зборови.