Економија 28.05.2018 11:47

Земјоделците очекуваат успешна сезона: Високи откупни цени за раноградинарските производи

Земјоделците очекуваат успешна сезона: Високи откупни цени за раноградинарските производи

Доматите, пиперките, краставиците и пролетната зелка продолжуваат да се извезуваат во Бугарија, Украина, Романија и сите поранешни југословенски републики. Производителите не го кријат задоволството од големиот интерес на трговците за раноградинарските производи.

Доматите се откупуваат за 40-50 денари за килограм, краставиците 30-40 денари, пиперките 40-50 денари и пролетната зелка се откупува по 20-25 денари за килограм. Не радува што продолжува трендот на високи откупни цени и се надеваме дека ова ќе биде една од најуспешните производствени сезони, вели Ванчо Митев од земјоделското здружение „Еко градинар“ од село Добрејци.

Тој информира дека обилните врнежи ќе го намалат родот на краставиците зашто на одредени локации предизвикуваат појава на болеста „пламеница“.

Претставници на земјоделските здруженија, исто така, информираат дека во најголем дел се исплатени субвенциите за откупениот тутун од ланската реколта. Тоа, според нив, е направено во вистинско време кога средствата од субвенциите им се најпотребни на производителите.

Најнови вести