Актуелно 22.07.2018 11:28

Земјоделците трпат сериозни штети, производите скапуваат, државата без одговор

Земјоделците трпат сериозни штети, производите скапуваат, државата без одговор

Земјоделците од земјава трпат сериозни штети поради косовската времена мерка за зголемена царина на увоз на овошје и зеленчук. Земјоделците се немоќни. Производите што требало да ги пласираат на косовскиот пазар сега скапуваат на нивите. Експертите велат дека надлежните доцна реагираат. Требало посериозно да ги следат состојбите во регионот.

И македонските, но и косовските земјоделци ги делат истите ставови. Сметаат дека одлуката е неразумна, особено затоа што за дел од земјоделските култури што се опфатени со оваа мерка во Косово се произведува едвај десетина од количината што се побарува.

Надлежните од земјава најавија контра мерки доколку Косово во најкусо време не ја повлече одлуката со што го штити домашното производство. Ресорните министерства пуштија официјални дописи до ЦЕФТА, СТО и до ЕУ, реагирајќи дека ваквата одлука на косовската влада се коси со правилата за меѓународната слободна трговија.