Продажните цени на производителите на индустриските производи на домашниот пазар во мај биле повисоки за 0,7 отсто на месечно ниво, а за 0,5 отсто на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во споредба со април, продажните цени на домашниот пазар се повисоки во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,4 отсто и Енергија за 0,5 отсто.
Споредувајќи со мај минатата година може да се забележи дека цените се повисоки во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 2,9 отсто, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,2 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 1,6 отсто.