Живот 23.01.2022 13:46

Зимска бајка во Ист Гејт Мол: Уникатна забава, уживање и шопинг за сите генерации (ФОТО)

Зимска бајка во Ист Гејт Мол: Уникатна забава, уживање и шопинг за сите генерации (ФОТО)

Не секој е фан на ниските зимски температури во првиот месец од годината. Но затоа јануарската зимска бајка во Ист Гејт Мол, исполнета со уникатна забава, уживање и шопинг, се покажа како и повеќе од омилена за сите генерации.

Оваа сабота (22.01.2022) на Централниот плоштад во најголемиот шопинг центар на регионално ниво, Ист Гејт Мол, безброј мали дечиња со своите родители и семејства беа сведоци на оригиналната изведба во живо на детската театарска куклена претстава „Лакомата меца“. Професионалните актери од Театарот за деца и младинци, со својата изведба, како и со читањето на некои од омилените бајки за деца и подароците од Книжарница ТРИ и Литература, внесоа магична атмосфера во шопинг центарот и ја разиграа детската фантазија.

Опуштената саботна атмосфера за посетителите во Ист Гејт Мол, покрај времето поминато за јануарски шопинг низ пространите коридори со попусти од -50% до -70% намалување, беше збогатена и со „Звуците на Полифонија“, акустичен концерт, којшто со моќта на музичките инструменти и танците, наликуваше на оригинално и раздвижено уметничко дело, во коешто уживаа присутните.

Специјално за сите дечиња, Ист Гејт Мол крајот на месецот планира да го претвори во вистинско зимско уживање.

Покрај претстојната забавна LEGO работилница со коцки за деца, во организација на Крш, во последниот викенд од месецот (28-30.01.2022), на 30.01.2022 (недела) со почеток во 12 часот, на истата локација на Централниот плоштад во Ист Гејт Мол (-2 кат, кај Тинекс маркетот), најмалите посетители на шопинг центарот ги очекува уште една театарска претстава, „Цветната улица“ по којашто ќе следи и читање на детски бајки и многу изненадувања, исто така во изведба на Театар за деца и младинци.

Сите храбри спортски ентузијасти имаат шанса само уште неколку дена до 30.01.2022 да се вклучат во предизвикот на Спорт Вижн и Интерспорт, „Дај гол и добиј попуст“, а додека ја пробуваат својата среќа, секако во Ист Гејт Мол можат да слушаат Спортско радио во живо.

Ист Гејт Мол е отворен за сите посетители секој ден од 10 до 22 часот. Во недела продавниците се отворени до 20 часот, а рестораните и баровите до 22 часот.

Во месец јануари почни со шопинг, забава и уживање во Ист Гејт Мол.

Ти си центар.