Меѓународниот монетарен фонд проценува дека до крајот на оваа година во Венецуела ќе имаат инфлација од милион проценти.
Властите печатат пари за да ја покријат буџетската дупка.
Кризата во Венецуела може да се спореди со онаа во Германија од 1923 година или во Зимбабве во 2008 година.
Се очекува оваа година економскиот раст во Венецуела да падне за 18 проценти, највеќе поради падот на производството на нафтата.
Пред четири години цената на нафтата на светските пазари почна да паѓа, по што кризата во земјата стартуваше.
Претседателот Николас Мадуро тврди дека се води економска војна против неговата земја, а за тоа се виновни надворешни и внатрешни фактори.