Актуелно 05.02.2019 22:11

Змијанац: Живееме во современи гасни комори, животот на децата е доведен во прашање

Змијанац: Живееме во современи гасни комори, животот на децата е доведен во прашање

Директорот на Првата детска амбасада во Македонија Драги Змијанац на Отворено на Алфа телевизија изјави дека живееме во канцерогено општество, Скопје, Битола, Гостивар, Кавадарци, Тетово се современи гасни комори.

Тој вели поради тоа што животот на децата е доведен во прашање и несериозноста на политичарите во Македонија, па Детската амбасада решила да го мобилизира меѓународниот фактор и упатиле писмо до сите членки на Комитетот за правата на детето, со цел тие да извршат притисок заради тоа што правото на живот на детето во Македонија е доведено во прашање.

Тој истакна дека граѓаните, но и децата како најранлива категорија го губат животот, имаат респираторни проблеми има предвремени раѓања и сето тоа како последица на загадениот воздух е доста алармантно и загрижувачки.

-Власта е нема и глува кога дозволува канцерогени честички како ПМ 10 и ПМ2 честички да не трујат скоро цела зима, вели Змијанац.

Директорот вели дека ги охрабрува вештаците да излезат во пресрет на обработка на материјали кои ќе бидат од помош за подготовката на тужбата која планираат да ја покренат кон Градот Скопје и кон Владата на Република Македонија.

Тој се надева одреден дел од децата кои страдаат од штетните честички ќе добијат обештетување и апелираше граѓаните во Македонија да се активираат и да не молчат за овој проблем кој не засега сите.

Змијанац истакна дека ќе ги радикализираат блокадите и протестите доколу не добијат одговор на одредени прашања како прашањето што се гори во Дрисла.