Актуелно 05.02.2019 21:38

Змијанац: Имаме политички манекени кои се „борат“ против загадувањето

Змијанац: Имаме политички манекени кои се „борат“ против загадувањето

Драги Змијанац, директорот на Првата детска амбасада во Македонија „Меѓаши“ во емисијата „Отворено“ на Алфа телевизија, обвини дека власта маршираше на улиците заедно со граѓанскиот сектор и потпишаа платформи за борба против загадувањето, но сега откако дојдоа на власт имаме политички манекени кои не само што не ги решија проблемите, туку истите проблеми продолжија и уште полошо.

Тој вели дека ова не е било кое еколошко прашање, туку е прашање на живот, со кое се прекршува елементарно детско право, правото на живот, правилен раст и развој и здравје на детето.

По анализата која што е направена од страна на Детската амбасада „Меѓаши“ колку парламентот минатата година како законодавен дом се занимавал со правата на децата и здравјето на децата, дојдено е до поразителни податоци, тој вели пратениците се занимавале со се, но најмалку со здравјето на децата.

Практично законодавниот дом не ја исполнил својата функција кога станува збор за здравјето на децата, чија што функција ја има меѓу другото.