Економија 09.07.2018 12:33

Зона на слободна трговија со ЕУ по Брегзит

Зона на слободна трговија со ЕУ по Брегзит

Тереза Меј ја доби поддршката од кабинетот за создавање на зона за слободна трговија со ЕУ по Брегзитот.

Тереза Меј најави дека следната недела, британската влада ќе објави „Бела книга“ во која детално ќе биде образложено како Лондон планира да ја поврати контролата над своите пари, своите закони и границиите.

Меј додаде и дека министрите се согласиле на нов бизнис модел кој ќе одржува високи стандарди, но ќе и овозможи на Британија да склучи нови трговски договори со други земји откако ќе ја напушти ЕУ во март, следната година.