Банкарство 17.12.2018 16:10

Зошто банките се најдобри инвестиции во Македонија?

Зошто банките се најдобри инвестиции во Македонија?

Од десет компании чии акции се најдобри инвестициски вложувања (сооднос добивка што им припаѓа на акционери до крај на септември 2018 г. и последна просечна пазарна цена на акција) дури 5 се банки. Од петте најдобри вложувања со акции со најголем потенцијал за принос дури четири се акции на банки и тие се пласирани од прво до четврто место. Ова е најдобар опис на состојбата во македонската економија: за тоа кој за кого работи и колкава е конкурентноста во банкарскиот сектор…

Податоците за добивките што им припаѓаат на акционерите за првите девет месеци годинава покажуваат дека најдобри потенцијални инвестиции се купувањето акции во домашните деловни банки. Според критериумот колкав е потенцијалниот принос на акција купена по последна пазарна просечна цена и добивката што ја носи таа акција за првите девет месеци. На листата се 10 компании со најголем потенцијал за принос, што е на крај, одлука на акционерите.
На листата од десет најпотенцијални 5 се банки, а тие се подредени од првото до четвртото место. Најголем потенцијален принос има „Уни банка“ чија добивка што им припаѓа на акционерите за првите девет месеци е 21 отсто од последната пазарна цена. Хипотетички, ако банката реши да подели авансна дивиденда и тоа е целата добивка за првите девет месеци тој што купил акции на последната просечна пазарна цена може да очекува принос од 21 отсто на вложеното.

Во табелата подолу се подредени акциите според горенаведениот критериум.

Компанија Добивка по акција за период 1-9.2018г. Сооднос: добивка по акција/посл.прос. пазарна цена
УНИ Банка 484 денари 21%
Охридска банка 1.029 денари 15,8%
НЛБ Скопје 2.175 денари 15,3%
Комерцијална банка 759 денари 15,1%
Мерм.комбинат 241 денар 11,7%
Стопанска банка Скопје 148 денари 11,6%
Макпетрол 5.400 денари 11,6%
Фершпед 6.698 денари 9,9%
Прилепска пиварница 3.595 денари 7,8%
Гранит 51 денар 6,4%