Што значи да се биде милионер? Колку пари треба да заработите пред да бидете крунисани со почесниот епитет “милионер” и што е она кое ве спречува во истото?
Без разлика кои одговори ќе се дадат на овие прашања, мораме да признаеме дека секој од нас посакува да стане милионер. Но, малкумина од оние кои посакуваат работат на истото. За поголемиот број на луѓе да се стане милионер е само мисловен поим, далечен и недостижен. Исто толку недостижен како и оние луѓе кои себично го чуваат достигнатиот врв. Но, дали некогаш сте се запрашале која е причината поради која и вие не се наоѓате таму покрај нив радувајќи се на својот успех? Зошто и вие не сте успеале да заработите доволно и да се најдете од другата страна на сликата и да бидете оние на кои другите ќе се восхитуваат? За почеток, ова се неколку главни нешта кои ве спречуваат да се вброите во плејадата “милионери”.
1. Немате поставено јасни цели, а со тоа и вашите акции не се јасни и издржани.Доколку немате поставено јасни цели во вашите мисли ниеден од чекорите кои ги превземате нема да ве водат до постигнување на саканите нешта. Понекогаш кроењето на вистинскиот план може да одземе повеќе време. Дозволете си го. Правилното планирање може да ве изведе на посакуваниот пат.
2. Мислите дека другите може да успеат, но вие не. Верувајте дека можете! Визуелизирајте се себеси како веќе успешна личност на местото на кое посакувате да бидете. Визуелизирајте се како еден од милионерите на кои им се восхитувате. Верувајте дека тоа може да се случи и веќе ќе биде чекор поблиску до истото.
3. Се плашите дека нема да успеете. Ќе има моменти на неуспех, ќе има моменти и кога ќе правите грешки, но никој не рекол дека е лесно. Се што треба да направите е да научите да го поминете сето тоа. Доколку продолжите да се плашите од стравот никогаш нема да го надминете.
4. Не сте подготвени да направите жртва. Имајте на ум дека има работи од кои ќе морате да се откажете доколку сакате да успеете. Бидете подготвени да жртвувате излегувања со пријателите и останати слични работи со цел да се фокусирате единствено на вашата кариера. Финансискиот успех кој го барате секогаш бара пожртвуваност.
5. Никој не ве насочува на правилниот пат. Треба да бидете опкружени со позитивни луѓе, но најважно од се е да пронајдете некој на кого ќе му верувате и кој ќе ве поучува и насочува на вистинскиот пат. Не заборавајте дека луѓето во вашата околина, оние кои ви се најблиски, се оние кои треба да ве туркаат кон успехот.
6. Наоѓате оправдувања поради кои не заработувате доволно и не сте успешни како што сакате. Често луѓето не сакаат своите неуспеси да ги препишат на самите себе. Оправдувањата од типот “немам грб како некои други” или “би успеал да сум на друго место, но не и тука” исфрлете ги од вашите мисли. Патот до успехот го креирате самите и ништо не може да ве спречи во истото. Запомнете, НИШТО не може да ве спречи да успеете.