Мозаик 26.11.2018 01:29

Зошто возрасните повеќе се плашат од куклите отколку децата!

Зошто возрасните повеќе се плашат од куклите отколку децата!

Иако има многу малку истражувања во врска со стравот од кукли, сѐ што треба да се направи е да погледнете безброј популарни филмови и ТВ-емисии со детски играчки за да сфатите дека многу луѓе им се плашат.

Но, зошто куклите се толку страшни за некои луѓе? Зошто толку многу луѓе се плашат од кукли?
Важно е да се забележи дека повеќето млади луѓе навистина не се плашат од кукли, објаснува клиничкиот психолог Др. sc.Kate Wolitzky-Taylor од UCLA за Prevention.

“Луѓето не се раѓаат со всаден зтрав од кукли”, објаснува таа. “Всушност, повеќето деца ги сакаат”.

Наместо тоа, стравот што го чувствувате е условен со текот на годините, веројатно поради сите лоши кукли кои сте ги виделе во поп-културата. Секој кој видел еден од многуте филмови со кукли, како што е Annabelle или филмовите со Chucky, веројатно може да разбере зошто и како доаѓа овој страв.

Но, зошто се плашиме од куклите кои не се во филмови?
Затоа што почнуваме да го поврзуваме стравот од специфични ситуации со стравот од други кукли, дури и на оние кои изгледаат “невино”.

“Ова совпаѓање на куклите со други застрашувачки стимулации може да доведе до страв или нервоза кога ќе се соочиме со било која кукла”, вели Wolizky-Taylor. “Учењето е голем фактор, без разлика дали станува збор за директно или посредно учење”.

Додека малкумина го проучуваат специфичниот страв од кукли, спроведено е истражување за тоа зошто ние генерално се плашиме од нив. Во 1970 година, јапонскиот роботичар Masahiro Mori го измисли терминот “uncanny valley” (тајната, чудната долина) за да ја опише непријатноста која се случува кај луѓето кога гледаат роботи кои се многу слични со нив, но не се сосема човечки.