Претседателот на Европската Народна Партија Жозеф Дол денеска оствари средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Дол по средбата со Мицкоски на својот Фејсбук профил напиша дека е важно претстојните претседателски избори во Македонија да бидат целосно транспарентни и демократски.
-Во попладневните часови, остварив средба со Христијан Мицковски, претседател на нашата членка од Македонија, ВМРО-ДПМНЕ. Разговаравме за важноста за земјата да ги спроведе реформите потребни за да остане на нејзиниот евроатлантски пат. Престојните претседателски избори беа исто така на дневен ред, и инсистирав на потребата тие да бидат целосно транспарентни и демократски, напиша на Фејсбук Џозеф Дол.