САД одлучија дека Европската унија, Канада и Мексико ќе бидат изземени од данок на увезените челик и алуминиум до 1-ви јуни, објави Белата куќа.
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп одлучи да ги продолжи преговорите со Канада, Мексико и ЕУ за 30 дена.
“За 30 дена, администрацијата ги продолжи преговорите со Канада, Мексико и ЕУ. Во овие преговори, администрацијата останува фокусирана на квоти што ќе го ограничат увозот и ќе ја заштитат националната безбедност”, се вели во соопштението.
Во март, Трамп го објави воведувањето на увоз од 25 отсто за челик и 10 отсто за алуминиум.
ЕУ подготви листа на американски производи на кои ќе ги наметне даноците, освен ако не е изземен од мерките за челик и алуминиум.
Европската комисија објави дека одлуката на САД за исклучување на Европската унија, Канада и Мексико за еден месец од данок на увезениот челик и алуминиум само ја продолжува “пазарната несигурност”.
Европската комисија нагласи дека “ЕУ треба целосно и конечно да биде ослободена од овие мерки” и дека тие не може да се оправдаат од причини поврзани со националната безбедност.