Експертите од компанијата „McAfее“ открија дека на Интернет повторно беснее најопасниот вирус „Sonvpay.C“ дистрибуиран преку „Google Play“ во вид на секакви апликации за „Android“ паметните телефони. Верзијата на „Тројанецот“ е подобро скриена од корисникот, избегнувајќи да биде забележан од антивирусните програми.
„Sonvpay.C“ влегува во вашиот уред во вид на апликации-фенери, скенери на „QR“-кодови и каталози за позадини за екранот. По инсталирањето, „Тројанецот“ ги испраќа известувањата за потребата за обновување. Ако ја дадете вашата согласност, за возврат добивате платени услуги.
За разлика од претходните верзии на „Sonvpay.C“, новиот вирус не користи СМС, туку претпочита „WAP“. Оваа услуга овозможува да се оформи претплата за различни услуги на провајдери на содржина, без да се обврзуваат корисниците за испраќањето на каква било порака, без да се остават на уредот видливи траги за активностите на „арамиите“.
Кои се 15-те апликации?
Експертите на „McAfee“ нудат листа на 15 заразени апликации, од кои повеќето се преземени од 10 до 50.000 пати. Вкупниот износ на загуби од активноста во монети изнесува околу 100.000 долари. Најчестите жртви се од Казахстан и Малезија.