Финансии 28.11.2019 11:02

23,6 проценти од кредитите кај банките се кај лица со плата од 7.000 до 15.000 денари

23,6 проценти од кредитите кај банките се кај лица со плата од 7.000 до 15.000 денари

Дури 66 проценти од одобрените кредити во домашните банки ги земале лица со плата под просекот, до максимум 22.000 денари, покажува анализата на Денар.мк.

Граѓаните со пониски приходи се најчести клинти на банките, додека тие со приходи од над 100.000 денари, поретко тропаат на шалтер во банка.

Податоците на Народната банка за кредитната изложеност на населението, откриваат чудни бројки. Така статистиката покажува дека 16 проценти од одобрените кредити во банките за домаќинствата се за клиенти со плата до 7.000 денари, но кредитната изложеност на овие клиенти е пониска и изнесува 4,3 проценти.

Дури 23,6 проценти пак биле со примања од 7.000 до 15.000 денари, а нивната кредитна изложеност е 12 проценти. Податоците на Народната банка покажуваат дека 19,1 проценти пак се со плати од 15.000 до 22.000 денари и нивната кредитна изложеност е 15,7 проценти. А кај 7,4 проценти од граѓаните со кредит нема податок за платата.

Податоците покажувата дека како расте платата така се намалува и процентот на граѓани кои се клиенти на банките, но нивната кредитна изложеност е повисока, поради повисоките кредити кои им ги одобруваат банките. Така кредитокорисници со плата од 22.000 до 25.000 колку што изнесува просеччната плата се 6,8 проценти од клиентите, со кредитна изложеност од 7,9 проценти. Со од 25.000 до 30.000 денари плата се 7,5 проценти, со кредитна изложеност од 10,1 проценти.

Како расте платата така рипа и кредитната изложеност, па така клиенти со плата од 30.000 до 50.000 денари има 10,9 проценти кај банките, но нивната кредитна изложеност е највисока или 21,2 проценти. После овој износ, после над 50.000 денари се оди надолу. Па така само 5,3 проценти од корисниците на кредит во банките се со месечни примања од 50.000 до 100.000 денари, а нивната кредитна изложеност е 16 проценти. А тие со над 100.000 денари се само 3,4 проценти од кредитокорисниците, со кредитна изложеност од 12,4 проценти.

Податоците на Народната банка покажуваат дека домаќинствата во земјава, заклучно со октомври должат  2,7 милијарди евра за кредити кај домашните банки.