Финансии 28.10.2019 12:32

Forbes: Бил Гејтс повторно прв на листата на најбогати

Forbes: Бил Гејтс повторно прв на листата на најбогати

Основачот на Amazon и извршен директор Џеф Безос ја загуби титулата најбогат човек во светот за време на попладневното тргување во четвртокот, а на првото место повторно е ко-основачот на Microsoft, Бил Гејтс.

Акциите на Amazon паднаа седум проценти во тргувањето по работното време, соборувајќи го богатството на Безос на 103,9 милијарди долари.

Тоа го постави на второто место меѓу најбогатите луѓе во светот.

Новиот број еден е Гејтс, вреден 105,7 милијарди долари.

Во 2018 година, Безос стана најбогатиот човек во светот и прв на списокот на Forbes чие богатство изнесуваше над 100 милијарди долари, со што ја прекина низата на Гејтс од 24 години на првото место.

Но, падот на извршниот директор на компанијата Amazon не е во целост последица на падот на акциите на Amazon.

Безос четвртина од својот удел во Amazon го пренесе на својата поранешна сопруга, како дел од нивниот договор за развод, кој заврши на почетокот на оваа година.

Мекензи Безос е “тешка” 32,7 милијарди долари и е меѓу 20 најбогати во светот.