Мозаик 03.12.2018 23:01

5 намирници што ќе ви помогнат да го исфрлите никотинот од вашето тело

5 намирници што ќе ви помогнат да го исфрлите никотинот од вашето тело

1 – Спанаќ
Фолната киселина е многу важна за нормалното функционирање и развој на телото, но исто така му помага на телото да се ослободи од никотинот. Големи количини фолна киселина се наоѓаат во спанаќот.

2 – Брокула, карфиол, зелка
Покрај тоа што имаат полифеноли за кои се покажало дека се корисни за намалување на различните инфекции во дигестивниот систем, исто така содржат и антиоксиданти кои го чистат телото од бројни токсини. Варете ги колку што е можно пократко.

3 – Зелен чај и витаминска вода
Со пушењето телото ја губи потребната течност и организмот станува многу побрзо во состојбата на дехидрација. Пиење голема количина домашна витаминска вода што лесно ќе ја направите и зелениот чај преполн со антиоксиданти ќе го извади никотин од телото.

4 – Моркови
Никотинот ја уништува кожата и ја прави безживотна и сува. Ако сакате да се ослободите од тие непријатни несакани ефекти, јадете колку што можете повеќе моркови. Тие содржат големи количини на витамини А, К, Ц и Б, кои се главните за чистење на телото. Моркови исцедете во соковник измешани со јаболко и лимон или изрендајте во салата.

5 – Киви, лимон, портокал
Покрај водата, пушењето од телото исто така ги исфрла витамините А, Ц и Е, кои го зајакнуваат имунитетот и му помагаат на телото да се бори против разни инфекции и бактерии. За да се надоместат загубените витамини, изедете киви или пијте чаша лимонада. Сок од портокал го хидрира телото, ги обезбедува потребните витамини, но исто така го чисти телото од никотин. Исцедете два портокала, додадете малку вода и пијте меѓу оброците

Најнови вести