Актуелно 19.07.2018 12:21

75% ИЗМРЗНАТО ГРОЗЈЕ, ВЛАДАТА ПЛАЌА 953 ДЕНАРИ ОШТЕТА: Земјоделците повторно мета на понижување од СДСМ – за 75 проценти измрзнато лозје им исплатиле дури 953 денари!

75% ИЗМРЗНАТО ГРОЗЈЕ, ВЛАДАТА ПЛАЌА 953 ДЕНАРИ ОШТЕТА: Земјоделците повторно мета на понижување од СДСМ – за 75 проценти измрзнато лозје им исплатиле дури 953 денари!

Не запира понижувањето и недоличното однесување на актуелната влада на СДСМ врз земјоделците иако од опозиција ветуваа брда и долини. Минатата година поради ниските температури се уништија уништија земјоделските посеви. Поради минусните температури во повеќето региони низ земјава измрзнаа голем дел од овошните и лозовите насади, и расадот од тутун. Тогаш земјоделците изјавува дека шететите во некои региони се стопроцентни.

 

До нашата редакција пристигна писмо од револтиран долгогодишен земјоделец во кое се наведува дека и покрај ветувањата од страна на сегашниот министер за земјоделие од СДСМ Љупчо Николовски и премиерот Зоран Заев дека трудот и маката на земјоделците ќе биде платен, сепак тие сега се препуштени сами на себе. Во писмото стои дека ова не е живот кој што го сега го живеат, но и дека покрај понижувањата од владата на СДСМ тие се чесни и работливи луѓе а нивното достоинство и чест не можат да се платат со пари.

Имено, во анонимното писмо се наведува дека од страна на Агенцијата за финансиска поддршка им легнале пари за измрзнатото лозје во март 2017 година за проценета штета на 75 проценти изнесува 953 денари.

Јас сум земјоделец преку 30 години работам и живеам од земјоделството. Имам над 20 декари лозје, дел е десертно или по наше за јадење, а дел е винска сорта. Цело мое семејство преживува од ова. Решен бев да излезам и да се жалам пред медиумите, но немам храброст зошто можам само да си создадам проблем. Стравувам дека после мојот проблем ќе се соочам со големи притисоци и ќе ми се одмаздат на таков начин каде што нема да можам да го дадам грозјето во винарските визби.

Пред изборите дојде сега почитуваниот министер за земјоделство Љупчо Николовски и ни ветуваше дека нема да имаме проблеми дека ќе имаме загарантирана откупна цена на грозјето. Но, тоа го кажуваа само кога беа во опозиција сега нема ништо од тоа.

Мојот проблем се состои во тоа што ланскиот период земјоделието претрпе големи штети. Мојата штета на едното лозје го проценија за измрзнато од 75 проценти и сето тоа беше во ред. Три пати правеа проценка на измрзнатото лозје, за сега пред само неколку дена од Агенцијата за финансиска подршка да ми исплатат само 953 денари.

Сега се прашува што јас да правам со 953 денари? Дали јас можам со 953 денари да гледам фамилија? Дали ова е вистинито? Зошто вака не понижуваат? Ние можеби сме сиромашни, може не знаеме ништо друго освен работа на нивата, но не заслужуваме вакво понижување. Не заслужуваме вакво однесување од владата на СДСМ и Љупчо. Ние имаме семејства кои ги раниме од поштено заработени пари, нашата чест и достоинство немаат цена. Не може тие да живеат во луксуз а нас да ни пуштаат 953 денари штета за измрзнато лозје, па нема ни 1000 денари не се пуштени, туку смешни 953 денари. Кај без грозје, сега останавме и без пари

Само да ви кажам дека овој проблем го имаат сите земјоделци, само се уплашени да проговорат јавно зошто може грозјето да им остане на нивите. За нас  ова не е живот, за нас ова е преживување, стои во писмото.

Зоран Заев и Љупчо Николовски неколку пати при посета во Тиквешијата се фотографираа со лозарите и им порачуваа дека не се сами и дека ќе им се исплатата штетите од настанатите пролетни мразови. Но, реалноста денеска е сосема поинаква од она што го зборуваа.

Најнови вести