Комерцијална Банка АД Скопје го завршува првиот квартал од 2018 година со рекордна добивка од 966 милиони денари или приближно 15,5 милиони евра, покажуваат податоците од извештајот за првиот квартал од годинава објавен на Македонската берза. Ова е за 25 пати повисока добивка во однос на истиот период лани, кога добивката беше 39 милиони денари.
Резултатот во најголем дел се должи на продажбата на побарувањата на банката од комбинатот Фени АД Кавадарци и продажбата на Брилијант Штип на прилепска Витаминка.
Банката наведува дека при продажбите остварена е и одредена капитална добивка.
Очекувањата на банката за периодот што следи се стабилни, а напорите ќе бидат фокусирани кон целосно остварување на планот за 2018 година, велат од Комерцијална банка