Банкарство 13.06.2018 11:56

Вработените од Комерцијална со акција за чистење на Градскиот парк

Вработените од Комерцијална со акција за чистење на Градскиот парк

Во акцијата што вработените и менаџментот од Комерцијална банка АД Скопје и познатите уметници Влатко Стефановски и Весна Гиновска Илкова во соработка со „Пакомак“ ја спроведоа на 9 јуни во Градскиот парк во Скопје, под мотото „Чиста навика“ беа собрани најмалку 40 големи кеси со отпад.

Во период од еден и пол час (09:00 до 10:00) близу 100 волонтери, некои од нив придружувани од нивните деца, собраа големо количество отпад кој секојдневно го оставаат посетителите на Градскиот парк. Токму затоа и мотото на оваа акција беше „Чиста навика“ или со овој настан учесниците во акцијата сакаа да поттикнат на размислување и совесност при користење на заедничките простори, истите да останат чисти и по нивното користење, велат од Комерцијална банка.

Освен како едукативна оваа акција треба да прерасне и во традицонална. Во наредниот период вакви акции ќе бидат организирани и од вработените во филијалите и експозитурите на Банката низ Републиката.