Економија 27.04.2018 10:47

Oткако Заев е премиер, бизнисите на неговото семејство енормно растат

Oткако Заев е премиер, бизнисите на неговото семејство енормно растат

На вчерашната седница за пратенички прашања, претседателот на владата на Република Македонија, Зоран Заев потврди дека влегува во бизнисот со канабис. Неговиот братучед Трајче Заев ја има купено оранжеријата “МАМ“ која во овој момент има дозвола од Министерството за земјоделство за производство на маслото за канабис за медицински цели.

Во објаснувањето што го даде Заев, “МАМ“ е купена од две фирми. Едната е “Еленица“ од Струмица другата е словенската фирма „Фрејкер“ која веќе имала фабрика за произвдоство на канабис од Германија. Се работи за инвестиција од 3 милиони евра и немала никакви долгови спрема доверителите, а инвестицијата се планира да биде 10 милиони евра.

Одговорајќи на прашање од пратеничката Благица Ласовска, Заев рече дека е етички и со закон дозволено да се произведува лек од канабис.

– Апелирам секој што има ресурси да вложи во оваа дејност зашто е профитабилна, додаде Заев.

Но ваквиот продор на Заев и неговото семејство не е единствен. Уште во првите 100 дена од власта на СДСМ неговиот брат Вице Заев го има купено струмичкиот конфекциски гигант „Герас Цунев“ за бадилаја. Според податоците од Македонската берза платено е 1.458.300 денари или 20 илјади евра и  со тоа се стекнал 22,25 отсто од основната главнина на друштвото „Герас Цунев Конфекција“ кој има имот вреден милиони во евра, хотел, ресторани и дуќани.

Следејќи ги трендовите на пазарот за недвижности со 20.000 евра не може да се купи ниту една најобична гарсониера од 25 квадратни метри, а не, пак, имот со деловни објекти , индустриски погони со површина од 1.849м2 на атрактивни  локации во општина Струмица.

Со ова се поставува прашањето дали семејството Заеви користејќи ја моќта на власта почнуваат да агресивно купување на фирми сe co се цел окрупнување на своето богатство?