Актуелно 22.08.2018 18:03

Арсовски: Скандал- партиски телохранител именуван за директор на БЈБ

Арсовски: Скандал- партиски телохранител именуван за директор на БЈБ

СДСМ продолжува да ја партизира полицијата поставувајќи на функција кадри кои слепо ќе ги следат партиските нарачки на Зоран Заев и криминалниот картел на власт, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Денешното именување на Сашо Тасевски за Директор на Бирото за јавна безбедност е уште една скандалозна политичка одлука на СДСМ. Да се постави личното обезбедување на министерот Оливер Спасовски за прв човек на полицијата е деградирање на сите професионалци кои години наназад макотрпно ја граделе својата кариера во министерството и ги ризикувале сопствените животи во борбата против криминалот и за заштита на безбедноста на граѓаните и на нашата држава. Единствено нешто по кое јавноста го памети Сашо Тасевски е неговото каубојско однесување во Собранието кога на очиглед на целокупната јавност вперуваше оружје во граѓаните, рече Арсовски и додаде:

„Наместо да биде казнет затоа што постапи незаконски и непрофесионално, Тасевски сега е награден бидејќи слепо ги извршување партиските наредби и ја занемари дадената заклетва дека ќе ги почитува Уставот и законите. Еве потсетување што вели Законот за Собрание: Член 43, став 1 од Законот за Собрание јасно предвидува дека цитирам: „Одржувањето на редот во зградата на Собранието и во просториите во кои работи Собранието го обезбедува посебна служба. Лицата од посебната служба за одржување на редот во зградата на Собранието на истакното место на облеката носи обележје на Собранието на Република Македонија. Во ставот три од истиот член пишува дека цитирам: „Носење оружје во зградата на Собранието не е дозволено, освен за лицата овластени за одржување на редот во зградата на Собранието. Законот е дециден, а Тасевски и неговиот колега наместо да го почитуваат, одлучија да го прашаат Зоран Заев цитирам: „Претседателе дали да пукам“.

За жал, подвлече тој, пукаа и постапија по наредба на цивилно лице кое не ги познава законите и не го интересираат безбедносните стандарди и процедури кои што треба да ги почитуваат овластените лица.

-Ова веројатно е главната квалификација зошто својот телохранител, Оливер Спасовски си го постави за Директор на бирото за јавна безбедност. Дали можеби дополнителен аргумент за негово именување на оваа исклучително одговорна функција е тоа што заедно со министерот Оливер Спасовски одеше од врата на врата злоупотребувајќи ја службената положба за партиските активности на СДСМ? Со последната владина одлука, Зоран Заев потврди дека нема намера да отстапи од поставувањето на лојални партиски кадри на чело на полицијата. Граѓаните видоа дека тур операторот Лазе Велковски бил на позиција само затоа што бил член и активист на СДСМ. Сега истото го гледаме и со Тасевски, потенцираше тој и додаде:

„Трагично е тоа што цената на ваквата катастрофална политизација на министерството на крајот ја плаќаат граѓаните со сопствената безбедност и безбедноста на нивните блиски. МВР е во коалиција со криминалот и за само една година го претворија во туристичка агенција, а секојдневно медиумите се поли со убиства, рекет, насилства и запалени автомобили и било каков вид на криминал. Веќе никој не е безбеден на улица бидејќи убијци и насилници се шетаат слободно и продолжуваат да дивеат по улиците. Веќе нема дилеми зошто и после 10 месеци убиецот на младиот Мартин Јанушев е сеуште на слобода. Партиските кадри на СДСМ не се борат, туку го штитат криминалот“.

Најнови вести