Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 28 aвгуст, вторник, Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.
Истовремено, Министерството им го честита празникот на граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.
Следниот неработен ден за Денот на независноста, 8 Септември се паѓа во сабота, па практично „пропаѓа“, се разбира доколку не сте во групата работници за кои нема викенд.