Актуелно 24.08.2018 18:15

ЈСП поделила милионски тендери на две фирми со ист сопственик, регистрирани на иста адреса

ЈСП поделила милионски тендери на две фирми со ист сопственик, регистрирани на иста адреса

Милионски тендери Јавното сообраќајно претпријатие Скопје доделило на две фирми со ист сопственик, сместени на иста локација, регистрирани скоро еден месец пред да бидат објавени огласите, јавува телевизија АЛФА.

Првиот е за консултантски услуги, вреден околу 130.000 евра, со фирмата Плус Смарт Консалтинг од Скопје. За оваа постапка ЈСП распишало јавен повик, на 24 јули годинава, на истиот се пријавила фирмата, која според податоците на Централен регистар е формирана на 20 јуни, односно месец и 4 дена пред да биде распишан огласот вреден 130.000 евра. Фирмата е сместена на улица Димо Хаџи Димов во Скопје, а сопственик и управител е исто лице. Од документите на централен регистар, истото лице една недела откако ја основал Плус Смарт Консалтинг, основал уште една фирма, на иста локација станува збор за Идкардс , фирмата е основана на 27 јуни годинава. Тоа што исто лице основало две фирми на иста локација не е спорно, но случајно или не Идкард склучила договор во 4 очи со ЈСП за набавка на 40.000 електронски картички, по цена од 120 денари за картичка без ддв. Според документите, понудата за продажба на електронски картички Идкард ја испратиле до ЈСП на 13 јули 2018 само 16 дена откако фирмата била основана и добила бизнис вреден 78.000 евра. Алфа денеска не можеше да добие одговор од ЈСП, за двете бизнис зделки кои претпријатието ги склучило минатиот месец. За какви консултантски услуги се работи што чинат 130.000 евра, а фирмата треба да ги заврши за една недела и зошто во 4 очи е избрана фирма за набавка на картички за возење по поскапа цена за 20%.

Извор: телевизија Алфа