СДСМ со пуштање на стерилни соопштенија и излитени фрази нема да го направат капитулантскиот договор на Зоран Заев подобар ниту пак ќе го задржат институционалниот идентитет кој е клучно обележје на постоењето на една држава и еден народ, а од кој Заев и СДСМ се откажуваат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-ВМРО-ДПМНЕ има политичка одговорност и единствено одговара на граѓаните на Република Македонија истите тие кои на кој СДСМ секој ден им ја зголемува агонијата, им го отежнува животот и одзема иднината. ВМРО-ДПМНЕ води грижа за интересот на граѓаните на Република Македонија и така и ќе остане. ВМРО-ДПМНЕ нема да биде оправдување за антидржавните политики на Зоран Заев и криминалниот картел во врвот на власта. СДСМ мора да сфати дека со криминал, корупција, наместени тендери и секојдневни афери не може Македонија да биде дел од Европската унија и НАТО. Граѓаните знаат дека СДСМ ја понижи државата. За неспособноста, криминалот, и корупцијата нема оправдување, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека СДСМ мора да замине од власт.