На фб страната „Образование – Македонија / Obrazovanie Makedonija“ денес беа објавени податоци за тендерите кои ги додели Министерството за образование, за кое што се вели дека е милионски скандал. Овие тендери се потпишани од страна на министерот Арбр Адеми, но претходно не е објавен оглас за набавка на истите тие учебници. Тендерот е за за набавка на учебници и помошен дидактички материјал за основно и средно образование за учебната 2018/2019-та.
Вкупно на број се 28, на сликата која следи можете да ги погледнете деталите за секоја фирма поединечно и колку изнесува вредноста на договорите.
Во јавноста се шпекулира дека се работи за две фирми блиски на двете владејачки партии. Фирмата Арберија дизајн се јавува како и најголем поединечен донатор на партијата ДУИ со донација во вредност од 20 илјади евра за изборите во 2015-та како што е наведено во Извештајот доставен до Државниот Завод за ревизија.