Кина ќе одвои дополнителни 60 милијарди долари за економскиот развој на африканските земји, вети кинескиот претседател Кси Џинпинг на Самитот Кина-Африка во Пекинг.
Оваа поддршка “вклучува 15 милијарди долари грантови и бескаматни заеми, кредитни линии и инвестиции на кинески компании”, рече претседателот на Кина, кој честопати е обвинет за наметнување неодржлив долг за неговите партнери, објави Бета.
Кина-Африка форум за соработка се одржа во Пекингн со претседателот на Кина и на повеќе од 50 африкански земји. Десетици африкански лидери се сретнаа пред конференцијата.