Живот 06.09.2018 11:51

Во сабота измени на возниот ред на ЈСП Скопје

Во сабота измени на возниот ред на ЈСП Скопје

Во сабота на 8 Септември, Денот на независноста, автобусите на ЈСП СКОПЈЕ ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Од ЈСП информираат дека поради државниот празник ќе работат само три билетарници.

– Дежурни со работно време од 7 до 19 часот ќе бидат билетарницитре на Зелен пазар и Транспортен центар, а од 7 до 13 часот ќе работи билетарницата во Ѓорче Петров, соопшти ЈСП.