Во вчерашната емисија 24 Анализа на ТВ 24 гостуваа актуелниот вице- премиер задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев , универзитетскиот професор Трајко Славески и Неби Хоџа претседател на Стопанската Комора на Северозападна Македонија.
Трајко Славески кажа дека Македонија треба да се споредува со европските и соседните земји по растот на БДП. Тој истакна дека растот на БДП од 3,1 % е трет најмал раст во Европа ако се земе во предвид дека помал раст на БДП за вториот квартал имаа само Чешка од 2,7 и Хрватска од 2,9 %.