Професорката по Уставно право, Тања Каракамишева денес на својот фејсбук профил најави тужба против власта.
„Името на државата е дел од внатрешно-правниот и надворешно-правниот идентитет на државата.
Промената на името значи промена на целокупниот државно-правен идентитет на земјата!
Ако власта одлучи да го промени името на државата без согласност на граѓаните, БЕЗ АМИН НА СУВЕРЕНОТ, тогаш ИМАМЕ ПРАВО ДА ЈА ТУЖИМЕ ВЛАСТА!
Тоа ќе го направиме!“, напиша таа на својот фејсбук профил.