Џек Ма, основачот и извршен претседател на Алибаба најави дека ќе си замине од групацијата. Ќе остане во бордот на директори, но секојдневието ќе го посвети на филантропија и на образованието. Џек Ма е еден од најбогатите во Кина, но тој е поранешен наставник по англиски јазик, објави Њујорк тајмс.
Ма ја создаде Алибаба во 1999 година и групацијата сега е една од најголемите светски интернет компании, со вредност од 400 милијарди долари. Главен бизнис ѝ е е-трговијата. Ма е проценет на 40 милијарди долари и е третиот најбогат Кинез.
„Никогаш нема да можам да бидам богат како Гејтс ама можам да направам нешто подобро од него: да се пензионирам порано. Наскоро, ќе ме видите како предавам некаде, рече Ма.
Засега не е јасно дали компанијата ќе именува нов извршен директор.