Било какво пазарење во иднина со моите принципи не само што нема да има, туку ниту сум подготвен ниту имам таква намера со некого да преговарам надвор од моите принципи, а моите принципи, кога станува збор за националното прашање е токму оној мотив кој што Христијан Мицкоски го натера во 1996-та година да се придружи на ВМРО-ДПМНЕ како единствена национална политичка опција во тој момент во Република Македонија.
Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на Телевизија 24.
-Така што сите ние кои што сме се одлучиле да се приклучиме кон ВМРО-ДПМНЕ, кога станува збор за националните прашање, доколку имаме факти и аргументи, тогаш нема компромис, ниту има било каков простор за било каков пазар, рече Мицкоски и додаде:
„Со принципите нема пазар, со чесноста и искреноста нема пазар. Така сум функционирал, така функционирам и така ќе функционирам“.