Наместо казни во американското основно училиште „Роберт Колеман“ на непослушните ученици им се нуди нешто медитација.
Како дел од дисциплинската постапка некои училишта организираат казнена настава за немирните и непослушни деца „да ги доведат во ред“. Но, кај многу деца таквата метода создава револт и затоа не е успешна.
Во училиштето „Роберт Колеман“ наместо казнени часови од минатата година воведена е „Соба на внимателен момент“ во која децата медитираат. Доколку децата несоодветно се однсеуваат на училиште ги испраќаат во собата да размислат за тоа што лошо направиле.
Непослушните деца во собата практикуваат вежби за дишење или медитација што им помога да се смират и да се фокусираат. Исто така, децата се поттикнуваат да разговараат за тоа што се случило.
Покрај медитавијата на децата им се нуди и јога и различни облици на вежби.