Од вкупно 101 компанија, 72 завршиле со добивка, а 29 компании завршиле со загуба за првото полугодие од 2018 година.
По профитабилноста повторно банкарскиот сектор се најде на врвот на табелата.
Стопанска банка АД Скопје со 1.913.686.000 денари е лидер на листата, потоа следува Комерцијална банка АД Скопје со добивка од 1.314.675.000 денари и на третото место е НЛБ Банка АД Скопје со добивка од 1.175.932.000 денари.
Меѓу 10-те компании со најголема добивка покрај трите банки се и Македонски телеком со 815.799.000, Мермерен комбинат со 666.489.000, Алкалоид со 376.801.000, Охридска банка со 375.948.000, Цементарница УСЈЕ со 432.543.000, Макпетрол со 326.588.000 и УНИ банка со 126.578.000.