Финансии 05.10.2018 12:43

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за септември 2018

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за септември 2018

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.09.-30.09.2018 година вкупниот промет изнесувал 483.521.117 денари и е зголемен во однос на август за 3,14 отсто.

Класичното тргување изнесува 353.818.953 денари и е зголемено во однос на август за 40,05отсто кога изнесувало 252.634.347 денари.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од346.276.111 денари и обврзници во вредност од7.542.842 денари.

Блок трансакциите за септември изнесувале 129.702.164 денарии се намалени за 40,00 отсто во однос на август.

Бројот на трансакции во септември изнесувале 1.827 и се зголемени за 25,14 отсто во однос на август кога изнесувале1.460.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за септември се на Комерцијална банка, следи Макпетрол АД Скопје, и Алкалоид АД Скопје е на трето место.