Економија 20.09.2018 19:08

УЈП СЕ ПРЕМИСЛИ: Нема регистрација за пензионери?

УЈП СЕ ПРЕМИСЛИ: Нема регистрација за пензионери?

Пензионерите, а најверојатно и вработените кои освен пензија и плата немаат дополнителен приход, ќе куртулат од регистрација во електронскиот систем на УЈП, потврдија за ТВ 24 од Управата.

Директорката Лукаревска вели дека се бара решение кое е во интерес на граѓаните. Oва следува по бурните реакции во јавноста, особено од пензионерите и изнемоштените, дека регистрацијата во електронскиот систем, ќе им создаде непотребни тешкотии и трошоци.