Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев, денеска ќе присуствуваат на трибина во „Кромберт и Шуберт“ во индустриската зона Жабени, за која порано од СДСМ се бунеа што се прави.
Поранешниот директор на МЕР, Благојче Котески од СДСМ во 2013 година, во период кога беше советник во општината Битола ја нападна власта бидејќи дала 1.5 милиони евра за влез на странската инвестиција.
Инаку, од страна на германската инвестиција заклучно со 2017 година исплатени се над 32 милиони евра на вработените. Во моментов таму има близу 6.500 вработени, од кои околу 4.500 битолчани, а другите од целиот регион.
Со напад кон поранешниот премиер Никола Груевски поради презентација на инвестициите во Жабени пред две години излезе и сегашниот секретар во општината Битола, Слободан Најдовски.
Според мене, отворањето на индустриски зони и фабрики има за цел да покаже дека ВМРО-ДПМНЕ и Груевски се посветени на економијата, а со тоа да покажат дека другите теми, како што се криминалот, корупцијата, слободните медиуми, финансиската состојба на државата, задолжувањата и слично не се толку важни. Со отворање фабрики тие покажуваат дека му помагат на народот и отвораат нови работни места, изјави Најдовски пред две години.
Со големи напади поради изградбата на оваа индустриска зона беше и коалициониот партнер на владејачката партија, ЛДП.
Иако изградбата на оваа индустриска зона во која се вработија голем број граѓани, беше жестоко напаѓана од страна на СДСМ, денеска премиерот Заев и Анѓушев се во посета на фабриката која носи егзистенција за многу битолски семејства.
Инаку, меѓу граѓаните се поставува прашањето, дали цента на посетата на Заев е да побара да се дадат пари за глас повеќе на референдумот, како што беше случајот од Крива Паланка, каде што тој јавно го прекрши кривичниот законик и побара од газдите на фирмите да им дадат пари на вработените за да излезат на гласање на 30ти декември.