Македонија не треба да го билда, туку мора да го намали јавниот долг кој опасно се приближува до 50% од БДП предупредуваат експертите. Забрзаниот раст на задолжувањето сам по себе е загрижувачки, но особено затоа што парите не завршуваат за продуктивни цели..Дел од експертите критикуваат што поголем дел од средствата завршуваат за социјален мир, а многу малку за капитални инвестиции. Предупредуваат дека зголемувањето на социјалната помош како една од мерките е добар потег, но не во услови на низок економски раст.
Јавниот долг веќе надмина 5 милијарди евра, а Владата во среднорочната стратегија планира и дополнително да го зголеми на 55% од БДП. Голем дел од долгот им отпаѓа и на презадолжените општини. Премиерот најави дека со ребаланс на буџетот ќе им помогне да ги вратат заостанатите долгови. Сепак, економските аналитичари сметаат дека ако општините не станат финансиски независни, тогаш ќе се работи за најобична „фискална амнестија“ на оние што несовесно работеле, процес кој неминовно ќе се повтори за одреден период. Предлага да се формира регулаторно тело по примерот на функционирањето во Европската Унија, кое ќе врши надзор врз работата и задолжувањата на општините.
Според проценките, општините должат околу 120 милиони евра вклучувајќи и камати. Најзадолжени општини се Охрид, Тетово, Карпош, Струга и Чаир.