Актуелно 06.08.2018 09:09

Расте јавниот долг на Македонија

Расте јавниот долг на Македонија

Јавниот долг на Македонија во вториот квартал од годинава за 0,1 процент го надмина ланското ниво, кога прв пат беше намален по девет години и изнесуваше 47,6 отсто од БДП. Во вториот квартал од 2018. јавниот долг изнесува 47,7 отсто од БДП, соопшти Министерството за финансии на својата веб-страница.

Министерството објави графикон од кој може да се забележи удвојување на долгот во периодот 2008 – 2016 година, а во првиот квартал од 2018 година долгот изнесува 47,2 отсто.

Во 2008 година, според графиконот, јавниот долг бил 23 проценти од БДП, а во 2016 година достигнал 48,5 отсто.

– Јавниот долг бележи намалување првпат после девет години во 2017 година, по што во 2018 година се задржува на тоа ниво. Претходните години јавниот долг беше брзорастечки и неодржлив. Од 2008 година тој рапидно растеше, а во 2016 година се удвои. Со одговорно менаџирање со јавниот долг, подобрена е и неговата структура. Значително се намалени каматните стапки, како за еврообврзницата, така и за државните хартии од вредност. Зголемена е и рожноста на државните хартии од вредност, што ја зголемува одржливоста на долгот – стои во соопштението на МФ.