Откако Катица Јанева спомнувајки го по име, го искритикува судијата Осман Шабани дека заостанувал во судењата и дека закажувал малку рочишта, исплашен и загрижен од јавната критика на обвинителката денес по теркот на Добрила Кацарска одлучи да го продолжи судењето после работното време, и да закаже 20 нови рочишта до декември, што можеби е исто или приближно како динамиката на судење на судијката Кацарска, пишува лидер.мк.
Во продолжение ви го пренесуваме целиот текст објавен на порталот лидер.мк:
За споредба истиот судија кој е етнички албанец го води случајот Монструм каде има 5 убиства на млади лица заради етнички причини, и таму има закажано само две рочишта. Таму очигледно не му се брза. Титаник му е поважен од Монструм. Како Миле Јанакиески ги организирал изборите во четвртата изборна единица пред 7 години му е поважно одколку осуда и затвор за убијците од Смилковското езеро. 40 минути по работното време на судењето на Титаник, еден од адвокатите сосема учтиво реагираше и побара барем судијата да каже до колку саат ќе се работи, за да знаат присутните да се организираат бидејки имаат и семејни обврски. На тоа судијата Осман Шабани крајно арогантно и надмено, не им одговори на прашањето туку само кажа дека не планира да работи до 23 часот, алудирајки на судијката Кацарска. Адвокатите повторно реагираа и се приклучија речиси сите адвокати солидариизирајки се со колегите, кои прашаа, и бараа барем ако веќе решил да работи после работно време, иако предметот ниту е итен,ниту притворски, да им кажат до колку часот е планот да се работи за да си планираат околу приватните и семејни обврски, земање деца од градинка и слично, но Шабани кој заедно со Огнен Ставрев го води предметот Титаник, уште поарогантно им се обрати давајки дознание дека нема намера да им одговори на прашање кое во основа е многу нормално, човечко, цивилизирано, елементарно,културно и учтиво поставено.
На ова Османи одговори со тоа што одреди јавна опомена на адвокатите што се осмелиле да прашаат до колку часот ќе се работи после работното време на судот, кое редовно завршува во 15.30 часот.
Со ова, и со закажување на 20 рочишта до декември, судијата Османи покажа неколку работи.
Прво, покажа голем личен страв од СЈО и Катица Јанева, и испрати порака до неа, дека и тој како Кацарска е извршителен, работлив, послушен и дека се корегира после јавната опомена од неа.
Ова е срам за судот, кога наместо како највисок орган во судењето се однесува подредено и поданички кон обвинителството кое по правило би требало да има ист третман со обвинетите и одбраната.
Што може да очекуваат обвинетите кога судијата има таков страв од обвинителите? Каков е тој интегритет на судија кога се подредува и станува послушник на една од двете странки во судењето, во случајот СЈО.
Второ, ароганцијата по дефиниција е прикривање на некоја слабост на тој кој ја демонстрира. Човек кој е сигурен во своите капацитети, знаење, стручност, достигнувања, почит кон него од околината, не чуствува потреба да биде арогантен, туку напротив тој природно е многу љубезен и коректен кон околината. Со ароганцијата со неодговарање на елементарни прашања, со однесување на како строг и лош наставник,, освен недостатокот на културно однесување, Шабани покажува дека сака да покрие и некоја слабост, или да задоволи некоја фрустрација, да покаже дека е главен и важен. Можеби колку што Катица Јанева јавно го понижува и притиска, толку повеќе тој на друг терен и кон други луѓе сака да покаже сила, цврстина и важност.
А важен и главен во судницата се разбира дека е судијата, но на Шабани му треба презентирање на демонстрација на сила, покажување мускули, и важност преку арогантно и неучтиво однесување.
Ваков однос на судија во Хаг, или во Англија или Америка, или пак во Франција и Германија на пример е незамислив.
Третата анализа од гестовите на судијата Шабани покажуваат нетрпение и набиени фрустрации и комплекс од судијката Кацарска. Може да се каже дека и со право Шабани и некои од другите судии се фрустрирани од Кацарска.
Прво затоа што таа преку класичен политички прогон, процеси полни со дискриминација, незаконско и нечовечко однесување сака да се покаже во стручната и општата јавност како најефикасен судија.
Второ, очигледно е дека таа ужива во тоа да се зборува и пишува за неа па макар и по лошо, публицитетот многу и годи, ужива дека само таа од сите судии има обезбедување, и се чувствува и однесува како ѕвезда.
Егзибиционизмот карактеристичен за обвинителката Фатиме Фетаи, е дел од карактерот и на Кацарска.
Одтука, дел од другите судии, особено оние кои немаат доволно самодоверба, вклучувајки го и младиот судија Шабани, се чуствуваат исфрустрирано и се трудат со идентично лошо и незаконско однесување да предизвикаат и за нив да се пишува и говори како за Кацарска затоа што не се чуствуваат понеспособни од неа.
Затоа почнуваат истовремено и да ја емитираат со закажување на по 20 рочишта и изживување со обвинетите и адвокатите, и да ја презираат и индиректно да се подсмеваат со неа, како што денес Шабани неможеше а да не каже дека нема да работи до 23 часот.
Заклучок на сето ова е дека политичкиот прогон, не само што не запира туку зајакнува.
Дека судиите кои не се доволно зрели, и не се свесни во што се влезени, и дека ќе има и ,,утре,, , почнуваат да се натпреваруваат во лошо и незаконско однесување и дека Катица Јанева и СЈО станаа хегемон врз судството. Не заради тоа што Катица е многу стручна или авторитетна, туку затоа што судиите ја гледаат како личност кој го застапува СДСМ и меѓународниот фактор, два фактори од кои сидиите треперат и заради кои се подготвени да го погазат својот интегритет и диплома, а и да станат многу полоши луѓе од она што биле претходно.