Ние ова не го гледаме како партиска битка, и ние не го правиме ова за да има предвремени парламентарни избори. Тоа е најнебитна тема, еве нека нема никогаш избори само да си го зачуваме името. Нас ни е цел да си го зачуваме името и нас ни е цел на 30 ти, народот да си го зачува името – рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното интервју на „Инфомакс.мк“.
– Зоран Заев ќе си оди од премиер порано или покасно не му бега тоа, нас ни е битно да си го зачуваме името. Ви кажав спремни сме и сите ние да се откажеме од политика само да с е зачува името, додаде Николоски.