Актуелно 01.11.2018 22:18

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на реформите за напредок на државата кон ЕУ и НАТО

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на реформите за напредок на државата кон ЕУ и НАТО

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во денешното интервју дадено за Фактор магазин на ТВ 24 потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на реформите се со цел подобри институции и подобар стандард на граѓаните.

Како што рече тој изминатиот период во Собранието се изгласале три закони кои биле дел од агендата насочени кон членство во Европската унија и кон членство во НАТО, со што подобар доказ од ова дека ВМРО-ДПМНЕ работи за напредок на државата нема.

-Во вторникот во Собранието се изгласаа три закони. Трите закони се донесени со двотретинско мнозинство со наша поддршка и тоа е законот за кривична постапка каде што се овозможува да почне со работа ОТА како контрола на прислушувањето и на УБК, понатаму законот за јавно обвинителство и законот за судови каде што се воспоставува цивилна контрола над работењето на полицијата и Министерството за внатрешни работи, вели тој.