Актуелно 28.09.2018 13:47

Нов силен земјотрес од 7,5 степени ја стресе Индонезија, издадено предупредување за цунами

Нов силен земјотрес од 7,5 степени ја стресе Индонезија, издадено предупредување за цунами

Земјотрес со интензитет од 7,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на централниот индонезиски остров Сулавеси, соопшти Геофизичкиот институт на САД.

Според други извори, земјотресот бил со јачина од 7,7 степени.

Индонезиските власти издадоа предупредување за цунами за провинциите Западно Сулавеси и Централно Сулавеси.

Неколку часа претходно, истата област ја погоди земјотрес со интензитет од 6,1 степени. Во потресот загина едно лице, десетина беа повредени, а урнати се и неколку куќи.

Индонезија честопати ја погодуваат земјотреси, а најкатастрофалниот удар беше во 2004 година, кога силен земјотрес предизвика цунами при кои загинаа над 226.000 луѓе во повеќе држави што излегуваат на Индиски Океан, од кои половината во Индонезија.

МИА